ВИДЕО: Пелоси го напушти Тајван, кинеските носачи на авиони се упатија кон Тајванскиот теснец

Од:

Ненси Пелоси го напушти Тајван по еднодневната посета која наиде на жестоки реакции од Кина.

Паралелно со нејзиното заминување дописникот на Би-Би-Си од Тајван, Руперт Вингфилд-Хејс, наведува дека, според достапните информации, и кинеските носачи на авиони и придружните воени бродови се упатиле кон Тајванскиот теснец.

Јасно е дека Пекинг нема да се задоволи само со зборови или насочени економски санкции по посетата на Ненси Пелоси на Тајван. Најавата за шест големи зони околу Тајван каде што од утре Кина ќе спроведува воени вежби со боева муниција има потенцијал да се претвори во сериозна криза, јави дописникот на Би-Би-Си.

Пекинг, потсетува тој, истото го направи и во 1996 година кога ситуацијата се претвори во т.н. „Криза во тајванскиот теснец“. Но, во тоа време, зоните за воени вежби на Кина беа надвор од територијалните води на Тајван. Овој пат, три од шесте зони навлегуваат во територијалните води на Тајван. Ова е без преседан, според Вингфилд-Хејс.

Ако Кина навистина влезе во тие области со своите воени бродови или авиони, тоа технички ќе значи инвазија. Ова го зголемува влогот уште поголем бидејќи Тајван може да се чувствува принуден да ги брани своите територијални води.

Морнарицата на САД го следи сето ова многу внимателно. Затоа американскиот носач на авиони УСС Роналд Реган со својата борбена група се наоѓа во блиското Филипинско Море. Американскиот претседател Бил Клинтон испрати две борбени групи на носачи на авиони во близина на Тајван во 1996 година за да и стави јасно до знаење на Кина дека Америка е подготвена да интервенира доколку Кина го нападне островот.

Но, воената ситуација сега е сосема поинаква од онаа во 1996 година. Имено, Кина има свои два носачи на авиони и двата, според Би-Би-Си, се на пат кон Тајванскиот теснец.

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски