ВИДЕО: Пеколен пожар го опустоши Кејптаун, изгореа универзитетот и библиотеката

Од:

Огромен пожар денеска ги проголта универзитетот во јужноафриканскиот град Кејптаун и библиотеката во градот, а огнот на планината Тејбл над градот, носен од силниот ветер, во текот на целиот ден без контрола се ширеше низ градот. Речиси целосно е изгорена и 200 години старата библиотека во склоп на универзитетот, заедно со непроценлива колекција на африкански антиквитети.

И по 20 часа борба на над 250 пожарникари и доброволци со стихијата, официјалните лица се уште не можеа да кажат дека пожарот е под контрола, поради бројните места на пошумената планина на кои огнот и натаму тлееше. Евакуирани се илјадници жители од населбите блиски до планината.

Според првичните информации, пожарот избил откако бездомник запалил оган во подножјето на планината Тејбл. Човек во 30-те години е уапсен под сомнение дека е предизвикувач на опустошувачката стихија.

Шумските пожари се чести на планината во сувите и топли летни месеци. Во неделата во Кејптаун, кој е вториот по големина град во Јужна Африка и еден од нејзините три главни града, се измерени 35 степени, а вечерта целиот регион го зафатиле силните ветришта кои го прошириле пожарот во сите правци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија