ВИДЕО: Париз затрупан во тони ѓубре, стаорци и бубашваби шетаат по „градот на светлината“

Од:

Полни контејнери и канти за ѓубре во големи делови на Париз и илјадници тони ѓубре што никој не ги собира по улиците на француската престолнина – ова е резултатот од штрајкот на работниците за чистење што започна пред една недела. „Валкано е, привлекува стаорци и бубашваби“, се пожали еден парижанец на француското радио.

Работниците штрајкуваат поради предлогот на владата на Емануел Макрон за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Штрајк има и во Нант, Рен и Ле Авр.

Работниците што треба да го собираат ѓубрето стапија во штрајк пред една недела поради планот за пензионирање, а париските власти соопштија дека половина од градските населби покриени со општински работници се погодени од штрајкот. Блокирани се три локации за третман на отпад, а четвртиот е делумно затворен. Во понеделникот париските власти објавија дека допрва треба да се соберат 5.600 тони отпад.

Парижани ја опишуваат ситуацијата како бифе за шест милиони стаорци.

Во 10-те реони што ги покриваат приватни компании собирањето смет се одвива речиси нормално, соопшти градскиот совет. Некои извештаи покажуваат дека активистите се обидувале да спречат собирањето отпад да продолжи.

Градските власти признаваат дека ситуацијата е компликувана.

„Штрајкот предизвикува промена во однесувањето на стаорците“, изјави експертот Ромен Ласер за весникот Le Parisien. „Тие ќе копаат во кантите, ќе се размножуваат таму и ќе ја остават урината и изметот. Имаме загрижувачки здравствен ризик за работниците во санитарната служба и општата популација.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во напад со нож во Париз

Улица во Париз ќе го носи името на Дејвид Боуви

А1он

ВИДЕО: Драма во Париз – Лувр итно евакуиран

Во Париз е забрането изнајмување електричeн тротинет

(ВИДЕО) Експлозија во Париз, петмина се повредени

Ограбена е златарница во центарот на Париз, штетата е огромна