ВИДЕО: Пак гореа католички цркви во Канада по скандалот со необележани индијански гробови

Од:

Во Канада, по откривањето на 182 необележани гробници под црковно училиште, трето по ред, запалени се две католички цркви.

Пожарникарите вчера околу три часот по полноќ добиле пријава дека целосно изгорела црквата „Св. Јован Крстител“, стара околу 100 години, во Моринвил, северно од градот Едмонтон, во покраината Алберта.

„Пожарот почна од подрумот и веќе се разгоре кога пристигна првата противпожарна екипа на местото на настанот. Влегоа во зградата, но од другата страна на црквата веќе дојде до колапс, па се повлекоа”, изјави Лајн Бушел, инфраструктурен менаџер во Моринвил, за Си Ти Ви Њуз.

Полицијата смета дека пожарот е сомнителен.

Серијата пожари се случува откако беа откриени стотици необележани гробови на местата на некогашни училишта во Канада, финансирани од државата. Водени од верски групи во деветнаесеттиот и сѐ до 70-те години на дваесеттиот век, училиштата имале за цел да ја асимилираат домородната младина. Домородните групи повикаа да се спроведе национална потрага по нови гробови.

Еден час и 20 минути подоцна пристигнал уште една дојава за пожар во црква, овојпат во провинцијата Нова Шкотска, регион населен со домородно население.

За помалку од две недели изгореа седум цркви во Канада. Сите, освен една, се католички.

На многу цркви во Канада се појавија графити и црвени ознаки од раце и нозе. На вратата на една црква во Саскачеван имаше натпис „бевме деца“.

Би можело да ве интересира

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пукање во Канада: Тројца мртви, двајца во критична состојба