ВИДЕО: Паднал од брод за крстарење во Мексиканскиот залив, по 15 часа снимен во вода како мавта на спасувачите

Од:

Патник кој исчезна од брод за крстарење во Мексиканскиот залив е спасен по повеќе од 15 часа на море, соопшти американската крајбрежна стража, пренесува Би-би-си.

28-годишниот маж бил во барот на Carnival Valor со својата сестра во средата вечерта, но не се вратил откако отишол во тоалет.

Неколку спасувачки тимови ја пребараа областа и мажот конечно беше забележан во четвртокот вечерта, на околу 20 милји (30 километри) од брегот на Луизијана. Велат дека е стабилно.

Поручник на американската крајбрежна стража изјавил дека патникот бил во вода повеќе од 15 часа, најдолго за што слушнал, па затоа смета дека тоа е чудо. Во изјава за Си-Ен-Ен, тој рече дека никогаш не видел нешто слично во неговата 17-годишна кариера.

„Среќниот исход покажува дека волјата за живот мора да се земе предвид при секоја потрага и секое спасување“, додаде тој.

Се уште не е јасно како патникот паднал во водата од бродот за крстарење.

Би-Би-Си потсетува дека во 2018 година, 46-годишна Британка била спасена 10 часа откако паднала од брод за крстарење во Јадранското Море. Тогаш се пишуваше дека таа му рекла на еден спасител дека и помогнало тоа што била во форма, што се бавела со јога, а за да престане да чувствува студ во водата – пеела.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски