ВИДЕО: Ова е бебето што се роди под урнатините – Неговата мајка го донесе на свет и почина

Од:

Новородено бебе е спасено од урнатините во северна Сирија, откако силен земјотрес ја погоди земјата. Снимката од спасувањето на бебето го обиколи светот.

Бебето е добро, но неговата мајка за жал починала веднаш откако на свет го донела девојчето. Кога спасувачите го пронашле, папочната врвца на новороденото девојче сè уште била закачена за нејзината мајка.

„Слушнавме глас додека копавме.Ја исчистивме прашината и го најдовме бебето со папочната врвца која ја пресековме и братучед ми ја однесе во болница“, изјави роднината на бебето Халил ал-Сувади.

Девојчето е префрлено во инкубатор во детска болница во сирискиот град Африн.Педијатарот Хани Маруф изјави дека бебето е донесено во болница со набиеници, исеченици и хипотермија, но дека нејзината состојба сега е стабилна.

На снимката од спасувањето што кружи на социјалните мрежи се гледаат моменти откако бебето е извлечено од урнатините, додека маж ја зема, а нејзината папочна врвца сè уште виси.

Температурата на телото на бебето паднала на 35 степени Целзиусови и имала модринки. Лекарот проценил дека бебето е родено неколку часа пред да биде пронајдено, со оглед на тоа колку му паднала температурата.

Ако девојчето се родило непосредно пред земјотресот, немало да преживее толку часови на студ, вели тој.

Би можело да ве интересира

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес во Турција

Силен земјотрес во Турција

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес во Турција