ВИДЕО: Откриена најголемата европска измама со поврат на ДДВ

Од:

Европското јавно обвинителство во соработка со органите на прогонот во 14 земји членки на Европската Унија спроведе масовна акција во која, како што велат, ја разоткрија најголемата измама со поврат на ДДВ во Европа, која се базира на продажба на популарна електронска стока.

Оваа акција беше спроведена во Белгија, Кипар, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Литванија, Луксембург, Холандија, Португалија, Романија, Словачка и Шпанија.

„Како дел од оваа операција веќе се извршени претреси во Чешка, Унгарија, Италија, Холандија, Словачка и Шведска на 12 и 13 октомври 2022 година“, соопштија истражителите.

„Сите собрани податоци се анализираат, а истрагата за организираните криминални групи зад оваа шема продолжува. Проценетата штета што се истражува во рамките на операцијата „Адмирал“ во моментов изнесува 2,2 милијарди евра“, се додава во соопштението.

Во април 2021 година, португалските даночни власти во Коимбра истражуваа компанија која продава мобилни телефони, таблети, слушалки и други електронски уреди, поради сомневање за измама со ДДВ. Кога ЕЈП ја започна својата работа во јуни 2021 година, во согласност со својата законска обврска, португалските власти го пријавија случајот.

Европските обвинители, аналитичарите за финансиски измами и претставниците на Европол и националните органи за спроведување на законот постепено воспоставија врски меѓу осомничената компанија во Португалија и близу 9.000 други правни лица и повеќе од 600 физички лица лоцирани во различни земји. Осумнаесет месеци по добивањето на првичниот извештај, сега се откри она што се веруваше дека е најголемата измама со ДДВ истражена досега во ЕУ, велат тие.

Криминални активности се случија во 22 земји како и во Унгарија, Ирска, Шведска и Полска, заедно со трети земји вклучувајќи ги Албанија, Кина, Маурициус, Србија, Сингапур, Швајцарија, Турција, Обединетите Арапски Емирати, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави.

„Она што ја издвојува оваа измама е извонредната сложеност на синџирот компании. Од компании кои делуваат како навидум чисти добавувачи на електронски уреди до оние кои бараат поврат на ДДВ од националните даночни власти додека ги продаваат овие уреди преку Интернет на индивидуални клиенти – и последователно ги пренасочуваат приходите од таа продажба во странство, пред да исчезнат сумите кон оние кои ги перат приходите од оваа криминална активност. Овие активности не би биле можни без вклучување на неколку висококвалификувани организирани криминални групи, секоја со специфични улоги во целокупниот план. Работејќи транснационално, со речиси индустриска логика, со години избегнуваа откривање“, соопштизја истражните органи.

Според Европското обвинителство, вака функционирала шемата за измама:

Компанијата 1 би продавала електронски производи на компанијата 2 преку граница, без обврска за плаќање данок. Компанијата 1 потоа би ја доставувала стоката во магацини, а компанијата 2 би ги продавала тие стоки преку Интернет.

Клиентите од ЕУ порачаа стоки преку Интернет, плаќаа данок на нивните пратки и ја добиваа нарачаната стока. Компанијата 2 потоа испраќа фактури до онлајн продавниците што ја продаваат стоката и добива пари од нив, вклучително и средства за даноци. Компанијата 2 потоа ќе ги исплати парите на офшор сметки, а потоа ќе се затвори фирмата.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски