ВИДЕО: Осуммина загинати во силното невреме во Шпанија и Португалија

Од:

Најмалку осум лица загинаа во силното невреме, проследено со поплави, што ги зафати Шпанија и Португалија во последните три дена.

Во Андалузија настрада сурфер, маж се удави во Гранада обидувајќи се да ја премине реката со автомобил, а во Мадрид загина жена врз која падна дел од ѕид на зграда во центарот на градот, поради силниот ветер. Во различни делови на земјата загинаа уште три лица.

Шпанската цивилна одбрана соопшти дека ветрот дувал со брзина од 140 километри на час, а брановите на северозападниот брег на Атлантикот биле високи девет метри.

Според податоците на португалската цивилна заштита, силниот ветер и обилните врнежи од дожд уриваа дрвја и предизвикаа поплави од кои е оштетена инфраструктурата.

Во Португалија, пак, загинаа две лица во невремето.

Евакуирани се повеќе од 250 луѓе во централна Португалија поради зголемувањето на нивото на водата.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе