ВИДЕО: Осум загинати во земјотрес на филипинските острови

Од:

Земјотрес и два вторични потреси, што следеа по неколку часа, денеска ги погодија слабо населените острови Батан, во Лузонскиот теснец, на север од Филипините, при што настрадаа осум лица, а повредени се околу 60 и предизвикана е значителна материјална штета, соопштија филипинските власти, пренесе ДПА.

Шефот на локалната канцеларија за вонредни ситуации Роланд Есдикул за американските медиуми изјави дека во потресите, кои го пробудиле локалното население, има урнати куќи, што биле изградени од камен и дрво.

Првиот удар на земјотресот имал јачина од 5,4 степени според Рихтер, а потоа следел уште еден од 5,9 степени, како и третиот од 5,7 степени.

Би можело да ве интересира

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ги погоди Филипините

Ана Ололовска