ВИДЕО: Осум Израелци меѓу кои и трудница се повредени во напад во Ерусалим

Од:

Осомничениот за нападот во Ерусалим, во кој се повредени осум лица, и се предал на полицијата. Полицијата засега не соопштува детали за неговиот идентитет. Нападот уследи по тензиите меѓу Израел и Палестинците во Појасот Газа и Западниот Брег.

Вооружен маж отвори оган кон автобус во близина на Стариот град во Ерусалим рано утринава и рани осум Израелци.

Две од жртвите се во тешка состојба, според израелските болници каде се пренесени повредените. Оган бил отворен кон автобусот додека чекал на паркинг во близина на Западниот ѕид, кој се смета за најсвето место каде Евреите можат да се молат.

Израелската полиција соопшти дека униформирани полицајци биле испратени на местото на настанот за да заÐ �очнат истрага. Израелските безбедносни сили влегле во блискиот кварт Силван во потрага по осомничениот напаѓач.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски