(ВИДЕО) Ослободен бранител на Азовстал: Не изгладнуваа, нè мачеа со струја и игли

Од:

Кога украинскиот маринец Михаило Дијанов беше ослободен од руски притвор, неговата фотографија го шокираше светот. Неговото тело беше исцрпено по четири месеци заробеништво.

„Не можев да го препознаам од фотографиите направени во Мариупол. Неговата облека висеше од неговото изнемоштено тело. Неговото слабо лице изгледаше многу постаро од неговите 42 години“, вели репортерката на Скај Њуз, Сали Локвуд.

„Како и другите затвореници, постојано мислев дека нема да преживееме“, вели Михаило Дијанов во интервју за Скај њуз.

„Секој ден размислувавме за тоа. Прво почнавме да размислуваме за тоа во железарницата Азовстал. Во Азовстал мислевме дека дојде крајот“, вели Михаило.

Во Мариупол го бранеше железарскиот комплекс под опсада. Тоа беше последното ќоше од градот кое даваше отпор до мај. Тој е еден од 215-те што неодамна беа ослободени во размена на затвореници со Русија.

„Верувајте ми, по еден месец гладување, кога ќе ги затворите очите, заборавате на семејството, на својата земја, на сè. Единственото нешто на што размислувате е храната“.

Ослабел 40 килограми за четири месеци заробеништво.

„Беше невозможно да се јаде. Ни даваа по 30 секунди за секој оброк“, вели Михаило. „Требаше да изедете се што можете за 30 секунди“.

„Тие намерно ни даваа леб што беше многу тврд. Момците на кои им беа избиени забите не можеа да го изедат навреме. Имавме 30 секунди, а потоа мораше да застанеш. Потоа веднаш мораше да станеш и да трчаш. Беше така цело време“, вели тој.

„Тие не третираа како животни“, рече тој.

Сето ова се случи во затворот Оленивка во Доњецк, кој е под контрола на Русија, место кое Михајло го нарекува концентрационен логор.

Тој опиша како ги фрлале во самица и мачеле затоа што собрале бобинка од земја и ја изеле. Тој вели дека биле тепани со палки, мачени со струен удар и им ставале игли под ноктите.

Планот на затворот потсетува на концентрациони логори. Воздушните сателитски снимки откриваат идентични блокови по ред каде што се сместени затворениците. Михајло вели дека блоковите се наменети за 150 луѓе, но дека во еден од нив бил со уште 800 затвореници. Неговите мускули на ногата се атрофирани и одењето сега му е предизвик.

Многу е тешко да се потврди што се случува во затворот Оленивка поради недостигот на пристап до областите под контрола на Русија. Скај њуз разговарал со партнерката на друг борец на Азовстал кој бил ослободен во истата размена на затвореници. Таа опишува слични услови и исто така го нарекува местото концентрационен логор.

Затворот Оленивка беше бомбардиран во јули, а во нападот загинаа повеќе од 50 луѓе. Во тој момент Михаило бил на друга локација, каде му вршеле операција на скршената рака. Вели дека користеле клешти и не му дале анестезија.

Пред да биде фатен, на фотографија во Азовстал е прикажан Михаило со завој на скршената десна рака. За време на заробеништво, коската погрешно зараснала поради недостаток на медицинска нега. На крајот, тој беше ослободен.

„Не соблекоа голи. Го извадија гипсот, сè. Не претресоа. А потоа моравме така да чучнеме пет часа. Без клупа, се разбира. Само чекавме. Не знаевме што ќе ни се случи“, вели Михаило.

Тој има голема гребнатинка на врвот на носот. Новинарот го праша што се случило.

„Леплива лента“, одговара тој. „Ме завиткаа со леплива лента околу главата и ми ги туркаа нозете кон стомакот за да ја затегнат и така поминав ден, ден и половина“.

Тој патувал 36 часа со врзани очи без да има поим каде оди – од автобус до авион и назад во автобус. Дури откако лентата конечно била отстранета, сфатил дека се вратил во Украина.

Сега треба да се здебели 20 килограми пред да оди на корективна операција на раката. Веројатно ќе му треба многу подолго за да се опорави психолошки.

„Сите се трауматизирани. Се сметам за ментално силна личност, но за мене многу работи ја изгубија својата вредност“, вели тој.

Многу од опишаните услови се против Женевската конвенција. Се верува дека илјадници украински воени затвореници се уште се во затворот Оленивка.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ