ВИДЕО: Опашка од кит спречи тешка железничка несреќа во Холандија

Од:

Воз кој сообраќа во холандскиот град Спикенизе, близу Ротердам, денеска ја пробил заштитната ограда на крајот на пругата и завршил „заринкан“ на скулптура на опашка од кит, која ја краси железничката станица, пренесуваат холандските медиуми.

Возот практично останал да виси на десетина метри над пешачка патека, а се спасил од пад благодарение на скулптурата „Опашката на китот“.

– Се обидуваме да одлучиме како да го спуштиме возот на внимателен и контролиран начин, рече портпаролот на локалниот безбедносен штаб.

Несреќата се случила на метро-станицата Де Акерс, која е последна станица на релација Ц и Д во Холандија, а возачот по несреќата успеал да излезе од возот и бил пренесен во болница. Во тој момент веќе никој не бил во возот.

Иако властите издадоа предупредување до граѓаните да го избегнуваат местото, десетици лица се собрале на местото на несреќата, привлечени од неверојатната слика.

Тим од експерти истражува како успешно да се спушти возот.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи