ВИДЕО: Огромни штети на Бахамите од ураганот Дориан

Од:

Разурнувачкиот ураган Дориан предизвика огромни штети на Бахамите, соопшти Црвениот крст.

Според организацијата, 13.000 домови се оштетени или целосно уништени. Најмалку 1.054 летови беа откажани во САД поради доаѓањето на ураганот.

Иако сè уште немаат целосна претстава за тоа што се случи, Меѓународната федерација за вонредни операции на Црвениот крст и Црвената полумесечина во Женева го класифицираат дејството на ураганот како „катастрофално“ и предвидуваат големи потреби за засолништа, чиста вода и лекарска помош…

Со ветер од 295 километри на час, Дориан стигна до островите Абакос, на северозападниот дел од Бахамите, како најсилна бура што некогаш ги погодила Карибите.

Југоисточните американски држави Флорида, Џорџија и Јужна Каролина им наредија на жителите од крајбрежјето да се евакуираат. Масовното иселување опфати стотици илјади луѓе.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави вонредна состојба во тој дел на САД.

Би можело да ве интересира

Најмалку четири лица се удавија во морето поради ураганот Нелсон во Шпанија

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Најмалку 27 загинати во Мексико по ураганот Отис

(ВИДЕО) Ураганот Идалија ја опустоши Флорида, невреме како што не се памети во последните 100 години

Двајца мажи први жртви на ураганот Идалија

ВИДЕО: Матурант на Бахамите скокнал од брод поради предизвик, не е пронајден

Ана Ололовска