ВИДЕО: Огромни немири во Париз поради одлуката на Макрон, стотици уапсени

Од:

Француската полиција уапси 217 лица синоќа за време на протестите во Париз против контроверзната пензиска реформа што беше протуркана во парламентот без конечно гласање во Долниот дом, објавија локалните медиуми.

Телевизијата Франс Инфо, цитирајќи полициски извори, соопшти дека 217 лица се уапсени додека избувнале немири на Плас де ла Конкорд во центарот на Париз, во близина на местото за состаноци на Долниот дом на парламентот.

Демонстрантите запалија палети и фрлаа предмети кон полицајците

Според медиумите, полицијата употребила водени топови и солзавец. Демонстрантите, меѓу другото, запалија дрвени палети и фрлаа предмети кон полицајците. Во времето на избувнувањето на конфликтот, на плоштадот имаше околу 6.000 противници на пензиската реформа.

Француската влада вчера попладне одлучи во последен момент да ја спроведе најважната реформа на претседателот Емануел Макрон, која предвидува постепено зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Во процедурата владата го заобиколи Долниот дом на парламентот, Националното собрание, каде резултатот од гласањето беше на прагот за донесување одлука.

Протести и во други градови

Постои посебен член во францускиот устав кој и дозволува на владата да го прави тоа. Реформата се уште може да се отфрли со гласање недоверба на владата.

Протести избија и во други француски градови, а синдикатите повикаа на нов национален ден на штрајкови и протести кои ќе се одржат следниот четврток. Милиони луѓе веќе излегоа на улиците против предложената реформа.

Би можело да ве интересира

Пукање во Франција: Шестмина повредени

ВИДЕО: Илегален фестивал во Франција: Се собраа 30 илјади луѓе, отворено истрага

Потврдена пресудата: Саркози мора да помине една година во домашен притвор

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Играчите во паника бегаа од нервозниот бик, животното ги виде црвените дресови и настана хаос

Горан Наумовски

Во денешните немири во Франција уапсени се 291 демонстрант, а повредени се 108 полицајци

(ВИДЕО) Насилни протести во Париз: Искршени излози, запалени барикади