ВИДЕО: Одговор на САД, напад со дрон на базата на Исламска држава во Авганистан

Од:

Американската војска соопшти дека во текот на ноќта извршила напад со дрон на позициите на Исламска држава во Авганистан и е убиен планерот на огранокот, што е прва официјална американска воена операција по неодамнешните самоубиствени напади на групата врз аеродромот во Кабул.

– Нападот со беспилотно летало се случи во авганистанската провинција Нангархар. Според првите информации, целта на нападот е ликвидирана, рече Бил Урбан од Централната воена команда на САД.

Тој додаде дека според нивните информации, нема цивилни жртви и наведе дека ова е прв воздушен напад на американската армија по нападот на аеродромот во Кабул, кој беше извршен во четвртокот.

Нападот на американската армија се случи додека под строг надзор продолжува евакуацијата од аеродромот во Кабул.

Пред американскиот напад, Амбасадата на САД во Кабул побара од своите граѓани да ги напуштат пристапите до аеродромот.

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во четвртокот во кој загинаа 13 американски војници и неколку десетици цивили.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Силен земјотрес го погоди Авганистан