ВИДЕО: Објавени снимки како Борис Џонсон танцува со чаша во рака

Од:

На социјалните медиуми масовно се споделува видео на кое британскиот премиер Борис Џонсон танцува на забава.

dobivaj vesti na viber

Видеата се снимени на забава која датира од пред почетокот на пандемијата, а на нив се гледа како тој танцува со една жена, додека другите гости на забавата стојат отсрана и ги гледаат.

Видеото стана популарно во моментот кога британските медиуми објавија за скандалозната забава на службеници од кабинетот на Џонсон.

Тоа се случило ноќта пред погребот на принцот Филип во април минатата година, додека на сила била забраната за собирање, пренесоа британските медиуми.

Очевидци изјавиле дека на овие две забави во различни делови на Даунинг стрит учествувале околу 30 луѓе, кои потоа се собрале заедно во градината.