ВИДЕО: Објавена снимката од сведокот на убиството на Абрахам Линколн

Од:

Редок ТВ настап на последниот преживеан сведок на атентатот на Абрахам Линколн се појави на Јутјуб.
Видеото датира од 1956. година, а се работи за телевизиското шоу „Имам тајна“ во кое гостите откриваа непознати детали од својот живот.

Шоуто почнува кога домаќинот Гари Мур влегува во студиото носејќи под рака постар човек. Тој има превез на очите и при влегување во студиото вели

„Јас сум Самуел Сејмур од Мериленд“. Во тој момент на екранот почнува да се појавува следниот податок:

„Го видов Џон Вилкис Бут како го убива Абрахам Линколн.

Мур објасни дека Сејмур за време на атентатот имал само пет години и не ни знаел дека се случило убиство, туку само го видел човекот како скока од терасата.

Тој човек бил убиецот, Џон Вилкис Бут.

Сејмур умре на 12. април 1956. година, два месеци по гостувањето во ТВ шоу „Имам тајна“, а сега неговата приказна е достапна за широкиот аудиториум.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност