ВИДЕО: Обезбедувачи до смрт претепаа црномурест Бразилец, на Денот против расизмот

Од:

Протести против расизмот и третманот на црнците од страна а бразилската држава беа организирани денеска во повеќе градови, откако токму на денот на кој се одбележува положбата на црната раса во земјата, во градот Порто Алегре беше брутално убиен црномурест човек, од страна на обезбедувачи во супермаркет.

Протестите избувнаа откако на интернет беше објавена аматерска снимка од инцидентот, на која се гледа како двајца обезбедувачи го совладуваат човекот, а едниот од нив го држи додека другиот повеќепати го удира по главата. Според официјално соопштение од властите, еден од работниците на обезбедувањето во маркетот „Карфур“ бил и полицаец кој хонорарно работел и како обезбедувач.

На вознемирувачкото видео е забележан и моментот кога екипата за Брза помош неуспешно се обидува да го реанимира убиениот човек, кој е идентификуван како 40-годишниот Жоао Алберто Силвеира Фреиташ.

Во соопштение издадено денеска, бразилската единица на францускиот трговски гигант Карфур изрази „длабоко жалење“ за трагичниот инцидент и објави дека го раскинала договорот со приватната компанија за обезбедување каде работеле осомничените, кои се приведени.

Карфур соопшти и дека ќе го отпушти шефот на смената во време на инцидентот, како и дека ќе ја затвори продавницата, во знак на почит.

Иако не се потврдени никакви расни мотиви за убиството, случајот уште еднаш ја покрена чувствителната дебата за расизмот и за третманот на црнците во бразилското општество, во кое речиси половина од населението е од африканско или од мешано расно потекло.

Според организациите за човекови права, статистиките за бројот на затвореници-црнци и на бројот на убиени припадници на црната раса во земјата, покажуваат дека постои јасен образец на дискриминација од страна на државните органи.

Црните Бразилци сочинуваат 64 отсто од невработените во земјата, умираат помлади од просекот, а имаат скоро трипати поголеми шанси да бидат жртви на убиство. Дури 79 проценти од жртвите на убиства од страна на полицијата во Бразил во 2019 година биле црнци, според официјални државни податоци.

Би можело да ве интересира

Трет приведен за убиството на лекарот во Железара

Катерина Ѓуровски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Две тела се пронајдени во околината на Сомбор, истрагата е во тек

Погребан докторот кој беше убиен на паркингот пред поликлиника Железара

А1он

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Убиениот лекар бил матичен од Железара – се прегледува видеонадзорот за да се најде убиецот

Анита Петровска Рајковиќ