Корисници на социјалната мрежа „Твитер“ објавија видео запис, на кој се гледа американскиот претседател Барак Обама кој џвака гума, за време на свечената церемонија по повод одбележување на 70-годишнината од „Денот Д“ во Нормандија.
-Обама сакате ли и Кока-Кола додека џвакате и ја слушате Марсељеза (француската национална химна). Кралицата Елизабета пристигнува, а Вие имате гума за џвакање во уста- навеле двајца корисници на „Твитер“, пренесе „Франс прес“.
Американскиот лидер се соочувал и со слични напади на социјалните мрежи, бидејќи со мастика во уста беше забележан и на погребот на јужноафриканската легенда во борба против апартхејдот и поранешен претседател на државата, Нелсон Мандела.
Е. Г.