ВИДЕО: Ново страдање во Багдад – бомба разнесе десетици луѓе кои пазаруваа за Курбан Бајрам

Од:

Најмалку 28 лица загинаа, а шеесетина се повредени во еден од најголемите терористички напади што годинава се случи во Багдад, јавуваат светските медиуми.

Бомбата експлодирала на полн пазар во претежно шиитското предградие Мадинат Садр. Во тоа време имало особено многу луѓе, бидејќи многу Ирачани и цели семејства со деца биле на пазарот за да купат сè што е потребно, на ден пред големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

Експлозијата предизвика значителна материјална штета, неколку продавници се запалиле, а луѓето во паника се обидувале да избегаат по тесните улички околу пазарот. Безбедносните сили потврдија дека во нападот била употребена импровизирана експлозивна направа.

Ирачкиот премиер Мустафа ал Казими нареди итна истрага за сите околности на инцидентот. Покрај тоа, командирот на една од единиците на федералната полиција во Мадинат Садр бил уапсен во врска со инцидентот.

По терористичкиот напад, за кој сè уште ниту една група не презеде одговорност, но сомневањата ќе водат кон Исламска држава, безбедносните мерки се сериозно засилени во централните и јужните провинции на земјата, каде што живеат претежно шиити. И на улиците има дополнителни мобилни патроли и сите возила што влегуваат во градовите внимателно се следат.

Би можело да ве интересира

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија

Нападната американска база во Ирак, има и повредени

А1он

(ВИДЕО) Иран ги нападна Ирак и Сирија: Го уништивме шпионскиот штаб на ционистичкиот Мосад

Пет турски војници загинаа во напад на воена база

Горан Наумовски

Хезболах со дронови нападна американска база во Ирак, САД возвратија