ВИДЕО: Новиот пожар во Бејрут е ставен под контрола

Од:

Пожарот што вчера избувна во пристаништето во Бејрут денеска е ставен под контрола, а во него, за среќа, нема повредени.

Пожарот се појави пет недели по катастрофалната експлозија во магацин со амониум нитрат, во кој животот го загубија 192 лица.

Ова е втор пожар неделава во пристаништето Бејрут, поради што властите наредија отстранување на сите опасни материјали од либанските пристаништа и од тамошниот аеродром, со цел во иднина да се избегнат инциденти од ваков вид.

Засега не се познати причините за новиот пожар, поради кој Бејрут беше покриен со темен чад и отровни испарувања, а американските меидуми наведуваат дека либанската воена полиција веќе почна отвори истрага за случајот.

Би можело да ве интересира

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

(ВИДЕО) Израел објави снимка: Испалија 30 ракети, Железната купола пресретна третина

Катерина Ѓуровски

Командант на Хезболах меѓу 10-те жртви на израелскиот напад во Либан

Во израелските напади врз Либан загинаа 11 цивили, меѓу кои шест деца

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во израелскиот напад на Либан загинаа 11 лица, меѓу кои шест деца

Хезболах истрела најмалку 30 ракети од Либан кон северен Израел