ВИДЕО: Новинарка на руската државна телевизија упадна во програма во живо со транспарент против војната во Украина

Од:

Жена демонстрант ја прекина главната информативна програма на рускиот Прв канал со транспарент со кој ги повикува гледачите „да не веруваат во пропаганда“ и „да ја прекинат војната“ во Украина.

Паролата беше напишана на англиски и на руски јазик.

Невладината ОВД-Инфо ја претстави жената како Марина Овсијаникова, вработена во тој медиум.

Додека водителката Екатерина Андреева ги читала вестите, зад неа се појавила Овсијаникова со транспарент на кој пишувало: „Не за војна. Не верувајте во пропагандата. Овде ве лажат“.

Водителката продолжила да ги чита вестите неколку секунди, а потоа мрежата брзо преминала на репортажа и го прекинала преносот во живо од студиото.

Сцената се случила за време на вечерната информативна програма „Времија“ на Првиот канал, која секојдневно ја следат милиони Руси.

„Отворена е внатрешна истрага за инцидентот“, соопшти телевизијата.

ОВД-Инфо соопшти дека Овсијаникова е уапсена и приведена во полициска станица.

Неодамна во Русија беше усвоен закон со кој се казнува со тешки казни – до 15 години затвор – она ​​што власта го смета за „лажни информации“ за армијата.

ОВД наведува дека повеќе од 14.100 луѓе се приведени поради изразување несогласување со одлуката на Русија да започне инвазија на Украина на 24 февруари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ