ВИДЕО: Нови протести во Ереван, расте притисокот за оставка на Пашинјан

Од:

Десетици илјади луѓе протестираа во ерменскиот главен град Ереван, барајќи премиерот Никол Пашинјан да поднесе оставка поради контроверзниот мировен договор со Азербејџан.

Опозицијата исто така организираше национален штрајк Околу 25.000 демонстранти го преплавија центарот на Ереван скандирајќи – „Никол – предавник“ и „Ерменија без Никол“.

Демонстрантите ја опколија зградата на Владата и ја повикаа полицијата да му се придружи на народот.

Пашинјан ги налути Ерменците по склучувањето мировен договор со Азербејџан со посредство на Москва, кој многумина во земјата го сметаат за предавство. Шестнеделната војна во Нагорно Карабах ги однесе животите на повеќе од 6.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Индија поради уривање на џамија, четворица мртви