ВИДЕО: Нови протести на климатските активисти во Британија и Франција

Од:

Климатските активисти и синоќа на нови протести во Велика Британија и Франција ја интензивираа кампањата за да ги натераат своите влади да се посветат на борбата против климатските промени со поголема сериозност.

Илјадници луѓе во јужниот дел на Париз демонстрираа на улици за да извршат притисок врз францускиот претседател Емануел Макрон, светските лидери во ОН и мултинационалните компании да се борат за побрзо намалување на ефектот на стаглена градина.

Мирните протести во Париз станале насилни кога меѓу демонстрантите се вмешала група луѓе облечени во црно кои почнале да кршат прозори и да ги палат полициските барикади.

Полицијата реагирајќи на тоа, ги блокирала страничните улици и употребила солзавец за да ги растера насилниците.

Во близина на Довер, англиско пристаниште кое е најблиску до Франција, се собраа климатски активисти кои на протестот ја „истакнаа ранливоста на снабдувањето со храна во Обединетото Кралство поради алармантната еколошка и климатска ситуација“.

Вчерашните протести следуваа откако еден ден претходно стотици илјади, воглавно млади демонстранти, маршираа по улиците на многу градови ширум светот, барајќи итна реакција на властите на климатските промени.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден