ВИДЕО: Нови напади на Киев, сирени за воздушна опасност низ цела Украина

Од:

Низ цела Украина рано утринава беше прогласена тревога поради руските ракетни напади, а неколку часа по нападот беше укината во поголемиот дел од земјата, вклучително и во главниот град Киев.

Киевските власти претходно известија дека имало две одделни серии напади.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека не се регистрирани повици до спасувачките служби.

Од почетокот на мај, Русија изврши околу дваесет ракетни и беспилотни напади врз украинските градови.

Украина редовно тврди дека нејзината одбрана ги соборува повеќето руски ракети и беспилотни летала.

Русија синоќа го нападна Киев со 15 крстосувачки ракети и 18 ирански беспилотни летала Шахед, соопшти Генералштабот на украинската армија, пренесува The Kyiv Independent.

Би можело да ве интересира

Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанок во Киев

„Идиоти“, „високорангирани морони“ и „уште една будала“

Катерина Ѓуровски

Синот на Пригожин се обидува да го преземе Вагнер

Катерина Ѓуровски

Колку чини војната во Украина – ден на бојното поле Америка го плаќа со 86 милиони долари

50.000 Украинци ќе поминат обука во Велика Британија

(ВИДЕО) Украински дрон ја нападна хеликоптерската база во Сочи