ВИДЕО: Нови катаклизмични сцени во Кина – и храмот Шаолин настрада во страотните поплави

Од:

Поплавите кои беснеат низ централна Кина го погодија и градот Џенгџоу во провинцијата Хенан, во кој живеат повеќе од десет милиони жители.

Надојдената вода го поплави метрото во градот, а на снимките се гледа како автомобили пловат по улиците во вода длабока еден метар. Поплавени се и болниците и метро-станиците, по силниот дожд кој паѓал цела ноќ.

Невообичаено обилните дождови поплавија повеќе области во централна Кина, каде вчера се урнаа две брани, зголемувајќи го стравот за последиците од катастрофата. Во раните утрински часови, поплавата предизвика и голема експлозија во хемиска фабрика, која е целосно уништена.

Историскиот храм Шаолин, познат по боречките вештини на будистичките монаси, исто така е оштетен во поплавите, а објавено е видео на кое се гледа како разбеснетата буица минува крај храмот, на работ целосно да го поплави.

Кинеските медиуми засега не јавуваат за човечки жртви во поплавите, поради кои, според проценките на западните известувачи, досега се раселени повеќе од половина милион луѓе.

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски