ВИДЕО: Нови гневни протести во Ереван, уапсени десетици граѓани

Од:

Веќе десетти ден продолжуваат гневните протести на приврзаниците на ерменската опозиција поради потпишаниот договор за прекин на огнот со Азербејџан.

Протести, на кои се бара оставка од премиерот Никол Пашинјан, денеска се оддржаа во главниот град Ереван, и вториот по големина град во земјата – Ѓумрија, на кои демонстрантите ги блокираа централните улици.

Вкупно 85 лица се приведени, соопшти полицијата.

Немирите и протестите во Ереван почнаа уште во текот на ноќта на 10 ноември, откако премиерот на Ерменија, заедно со претседателите на Русија и Азербејџан, усвои трилатерална изјава за примирје во Нагорно Карабах и предавање на неколку региони на Азербејџан.

Во Ерменија ова решение беше сфатено како неоснована одлука за капитулација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Индија поради уривање на џамија, четворица мртви

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес