(ВИДЕО) Нови детали за убиството во Љубљана: Убиените двајца мажи наводно му должеле пари на убиецот

Од:

Час откако словенечките медиуми известија дека во центарот на Љубљана две лица се загинати, уследија нови информации според кои пукањето се случило во кафуле, а наводно пиштолџијата имал и бомба.

Наводно, пукањето се случило во барот Сомбреро. Полициската управа во Љубљана најпрвин соопшти дека сторителот е во бегство, а потоа во околината пронашле мртов маж за кој сметаат дека може да биде сторителот.

Според неофицијални информации од СТА, сторителот наводно побегнал со автомобил, а со себе наводно имал повеќе оружје и рачна бомба. Тој го запрел автомобилот во Поље, излегол од него и потоа се самоубил. Полицијата се уште не ја потврди оваа информација.

Неофицијално, станувало збор за ескалација на расправијата меѓу тројцата мажи. Двајцата, сопственикот и косопственикот на заложна куќа, наводно пиеле кафе на терасата од локалот кога им пришол трето лице. Биле деловно поврзани меѓу себе, убиените двајца наводно му должеле пари на сторителот.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство