ВИДЕО: Нова закана за Египет како и за стотици илјади жители во државата, поради изградба на брана во Етиопија

Од:

Етиопија гради масивна брана на Нил, додека соседните земји Египет и Судан се противат поради тоа што сметаат дека таквото градење ќе ја загрози регионалната безбедност, но ќе има и последици врз животната средина.

Според официјалните владини информации, државата планира да ја заврши браната до 2022 година, иако за истата се води долгогодишен спор со Египет.

Дејвид Волд, експерт на Меѓународниот институт за безбедност во Адис Абеди смета дека билатералните односи помеѓу Египет и Етиопија се во критична фаза и дека не треба да се остават сами на себе да го решаваат спорот.

„Најдобро ќе биде сите Влади на земјите низ кои поминува реката Нил да седнат на тркалезна маса и да донесат одлука“, рече Волд.

Властите во Египет стравуваат какво ќе биде снабдувањето со вода во иднина бидејќи со градењето на браната ќе се намали дотокот на вода.

Според проценките, дотокот на вода ќе биде намален помеѓу 14 и 22 отсто, во најнеповолните сценарија околу 30 отсто од плодната земја ќе биде погодена од суша.

Овој спор може да прерасне во сериозен меѓународен конфликт доколку не се најде компромис, сметаат експертите.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски