(ВИДЕО) Нов оружан напад во САД, неколку лица се убиени во продавница

Од:

Неколку лица загинаа во пукотница што се случи во Чесапик, Вирџинија, околу 22 часот по локално време. Напаѓачот отворил оган во продавницата Волмарт, а сѐ уште не се знае точно колку луѓе се убиени. Напаѓачот е пронајден мртов во продавницата, изјави портпаролот на полицијата Лео Косински.

„Полицајците влегле во продавницата и пронашле повеќе мртви и повредени“, рече Косински.

Тој додаде дека полицијата сѐ уште не може да го потврди точниот број на загинати, но смета дека има „помалку од десет“.

Полицајците сè уште ја разгледуваат продавницата во потрага по жртви.

Градските власти на Чесапик побараа од луѓето да се држат настрана од продавницата за време на истрагата.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск