ВИДЕО: Њујорк-Отпуштен работник го уби шефот, десетина повредени

Од:

Нападот се случи на Петтата авенија во најстрогиот центар на Њујорк кога работник кој добил отказ пукал во својот шеф а потоа и по луѓето кои се нашле пред него.

Десет луѓе се повредени при размената на куршуми меѓу полицијата и напаѓачот, но најмногу од нив настрадале во стампедото кое настанало меѓу минувачите.

Веднаш пристигнале јаки полициски сили и градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг кој веднаш оддржа прес конференција.

Тој кажа дека се работи за „страшна трагедија“, дека њујоршката полиција го идентификувала напаѓачот како Џефри Џонсон од Менхетн, стар 53 години и дека пукал од полуавтоматски пиштол со калибар 45.

Блумберг потврди дека напаѓачот е отпуптен работник, додека претставникот на њујоршката полиција Реј Кели кажа дека Џонсон во последниве 6 години работел како дизајнер на женски модни детали во комапнијата „Хазан Импортс“ од каде што бил отпупштен пред една година. Потоа се вработил во нова фирма каде што отказот го добил вчера.

Жртвата во која пукал е негов 41-годшен колега, наведоа официјалните лица на Њујорк.

Блумберг рече и дека во препукувањето на полицијата и напаѓачот неколку минувачи се случајно погодени, но никој од нив нема повреди опасни по живот.

Убиецот кој вчера бил отпуштен од една од продавниците во Емпајер стејт билдинг пред почетокот на работното време го чекал својот шеф, а кога се појавил пукал во него и го убил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски