ВИДЕО: Незапаметено невреме во Москва – оркански ветришта корнеа дрвја и покриви

Од:

Вистински ураган ја погоди денеска Москва, по цела недела жештини со температури кои надминуваа 35 степени. Силниот ветер корнеше дрвја и покриви од згради, а повеќе метро станици во рускиот главен град се поплавени. Во прекин е градскиот превоз на повеќе локации поради паднати дрвја, а откако гром удри во трафостаница, повеќе од 15.000 московјани се без струја.

Снимките го покажуваат интензитетот на ветрот и дождот, а руските метеоролози велат дека невремето, кое го нарекоа „ураган“, е незапаметно во руската престолнина.

Според локалните медиуми, целосно поплавена е метро станицата Јасенево, а во Раменско ветрот соборил градежен кран. Засега нема информации за евентуални жртви и повредени, но причинета е огромна материјална штета.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски