(ВИДЕО) Невремето во Калифорнија пустоши се пред себе

Од:

Во Калифорнија времето не се смирува и оваа американска држава е изложена на нови удари од дожд, ветер и снег, додека бурите истовремено ги опустошуваат североисточните региони на САД.

Американската национална метеоролошка служба (NWS) предупредува на опасност од поплави во Калифорнија, а наредбите за евакуација остануваат на сила во 10 области на оваа сојузна американска држава, пренесува Ројтерс.

Реките веќе подобија поради невремето во претходниот период и можно е да се очекува нов бран на опасни по живот поплави „во крајбрежната област на Калифорнија, во подножјето на Сиера Невада, во поголемиот дел од Централната долина “, прецизираа од NWS.

До 40 сантиметри снег се очекува да падне во североисточниот дел на САД, во сојузните држави Пенсилванија, Њујорк и Мејн, а во овие области ќе дува ветрови до 72,4 километри на час, додава NWS. Метролошката служба предупредува дека видливоста на патиштата ќе биде сведена на минимум. Патувањето во тие услови е „исклучително опасно“, додаде NWS.

Би можело да ве интересира

Мајк Пенс се кандидира за претседател на САД, ќе се бори против Трамп

Поранешен американски шпион: Време е да се каже вистината за НЛО

Ана Ололовска

Поројните дождови со најголеми последици во прилепската населба Тризла

Ана Ололовска

ВИДЕО: Поплавени десет објекти по невремето во Кавадарци

Ана Ололовска

ВИДЕО: Две лица загинаа во пад на мал авион во Америка

Ана Ололовска

Напад со нож во Кливленд, ранети тројца полицајци

Ана Ололовска