ВИДЕО: Неонацисти во Киев славеа годишнина од формирањето на украинската СС-дивизија

Од:

Десетици екстремни десничари излегоа на улиците на украинскиот главен град Киев, каде ја одбележаа 78-та годишнина од формирањето на нацистичката единица составена од Украинци – СС дивизијата „Галиција“ во Втората светска војна.

Насобраните носеа постери и амблеми на таканаречената 14-та Гренадирска дивизија на СС, исто така позната како „Волонтерска дивизија Галиција“, заедно со жолти и сини цвеќиња кои го симболизираа украинското знаме.

На еден мост во центарот на Киев, собраните симпатизери на екстремнодесничарските движења истакнаа знаме со натпис: „Украина нема да го заборави војникот кој носеше златен лав на ракавот“ – мислејќи на амблемот на дивизијата „Галиција“.

Конкретната нацистичка единица, формирана во 1943 година, не учествувала во погромот на Евреите од Украина за време на Втората светска војна, но нејзини индивидуални припадници, пред да ѝ се приклучат, биле дел од силите кои одвеле над еден милион луѓе во логорите на смртта. На територијата на денешна Украина пред војната живееле повеќето Евреи во тогашниот Советски сојуз.

14-тата дивизија „Галиција“ како единица е одговорна и за неколку страотни масакри врз полското население во граничните области во кои живи се запалени стотици луѓе, а таа кон крајот на војната била распоредена и во поранешна Југославија и водела борби против партизаните во областите Штаерска и Корушка, на денешната граница меѓу Словенија и Австрија.

Би можело да ве интересира

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата