ВИДЕО: Необично силна луња ја погоди Швајцарија, ветрот корнеше дрвја во Цирих

Од:

Швајцарија ја зафати едно од најсилните невремиња во последните години, со силни дождови, грмотевици и ветришта што корнеа дрвја во Цирих, главниот финансиски центар на државата.

Во текот на ноќта во Цирих паднаа повеќе од четири сантиметри дожд, а во Валдег, во околината на градот, за 10 минути повеќе од 3,1 сантиметри, објави СРФ. Тоа се споредува со рекордните 4,11 сантиметри, кои паднаа за 10 минути во Лозана за време на бурата во август 2018 година.

Делови од автобуската и трамвајската мрежа во Цирих се во прекин, поради откорнати дрвја кои ги блокираат линиите, а некои улици беа поплавени.

Градските власти не соопштија за евентуални повредени или смртни случаи.

Јужниот кантон Валис ги предупреди луѓето да не се приближуваат до реките, поради растечкото ниво на водата.

Метеоролошката служба соопшти дека дождот се очекува и во следните денови, па поплавите најверојатно ќе се влошат, особено околу езерата и реките. Се предупредува и на опасност од лизгање на земјиштето.

Би можело да ве интересира

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско