ВИДЕО: Немири во Париз, полицијата употреби солзавец

Од:

Француската полиција повеќе пати денеска употреби солзавец кога некои од учесниците во протестот на „жолтите елеци“ се обидоа да скршнат од одобрената маршрута, додека други превртеле големи канти за отпад, барајќи шишиња кои би ги искористеле како оружје.

Низ улиците на Париз и денеска се собраа повеќе стотици луѓе на еден од седумте протестни места, кои се одржуваат 14-та сабота по ред во францускиот главен град.

Првите демонстранти се собраа на симболичната локација во близина на Триумфалната порта, од каде тргнуваат кон Ајфеловата кула движејќи се низ париските улици.

Протестите, кои почнаа поради зголемување на данокот за гориво, а прераснаа во масовно движење против претседателот Емануел Макрон и неговата политика, ги обележа насилство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пријател на убиеното момче откри што се случувало: Полицаецот му држеше пиштол на главата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Французин смирено јаде сендвич среде конфликтот меѓу демонстрантите и полицијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Анархија на улиците низ Франција: Ловечки пушки стигнаа до рацете на демонстрантите

Трет ден жестоки судири во Франција, земјата е пред вонредна состојба

(ВИДЕО) Насилни протести во Париз: Искршени излози, запалени барикади

ВИДЕО: Пендреци, клоци, боксови-судир на полицијата и демонстрантите во Париз

Предраг Петровиќ