(ВИДЕО) Научник го предвиде земјотресот во Турција три дена пред да се случи, најави нови афтершокови од 4-5 степени

Од:

Пред три дена на Твитер беше објавен статус во кој Френк Хугербитс, научник од Институтот за геометрија на сончевиот систем (SSGEOS), предупреди дека порано или подоцна ќе се случи земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтер во областа на јужна Турција.

Откако земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа утринава, и бидејќи SSGEOS е истражувачки институт кој ја следи геометријата помеѓу небесните тела поврзана со сеизмичката активност, многумина почнаа да ја споделуваат објавата на Хугербитс како доказ дека земјотресите може да се предвидат. Тој утрово го предвиде и вториот земјотрес кој се случи околу пладне, а најави дека извесен период ќе следат потреси со јачина од 4-5 степени, но и дека е можен и посилен потрес.

„Ова е најсилниот последователен потрес досега. Во регионот уште извесен период ќе продолжат потресите со претежно магнитуда од 4-5 степени, но можен е и посилен потрес“, објави тој на Твитер.

Некои луѓе веруваат дека тие можат да бидат предвидени од одредени животни како жаби и птици. Некои мислат дека може да се предвиди врз основа на емисиите на радон гас. Некои студии го потврдуваат тоа, меѓутоа, практичната примена на овие наоди е речиси невозможна бидејќи овие емисии се мали и тешко е да се знае каде треба да се измерат. Покрај тоа, многу земјотреси се случуваат без емисии на радон поради различниот состав на почвата.

Некои веруваат дека тресењето на земјата пред голем земјотрес може да биде знак за она што следува. Има и луѓе кои веруваат дека полната месечина предизвикува земјотреси, но тоа не е научно потврдено. Катастрофални земјотреси се случуваат во сите фази на Месечината.

За жал, научниците сè уште немаат никакви методи или уреди за да го предвидат точното време и јачината на земјотресот. Случајноста како оваа со твитот на Хугербитс во такви околности може да биде само плодна почва за теории на заговор според кои научниците кријат нешто од луѓето.

Многумина сè уште се сеќаваат на судењето во кое шест италијански научници беа обвинети за убиство од небрежност поради советите што ги дале непосредно пред катастрофалниот земјотрес во Аквила, во кој на 6 април 2009 година загинаа 309 луѓе. Меѓу нив имало тројца сеизмолози, еден вулканолог и двајца сеизмолошки инженери.

Судот ги осуди научниците на шест години затвор бидејќи не предупредиле на можна опасност врз основа на потресите кои му претходеле на големиот земјотрес. Голем број научници од целиот свет тогаш протестираа против пресудата за вина, посочувајќи дека до денес не е откриен метод кој точно може да предвиди земјотреси. Апелациониот суд во 2014 година, а потоа и Врховниот суд во 2015 година, ги отфрли пресудите против научниците кои во текот на судењето тврдеа дека потресите се нормална сеизмичка активност и дека врз основа на нив не може да се предвиди голем земјотрес.

Би можело да ве интересира

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес во Турција

Силен земјотрес во Турција

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес во Турција