ВИДЕО: Насилство на протестите во Барселона, полицијата употреби гумени куршуми за да ги растера демонстрантите

Од:

Цивилната гарда на Шпанија ќе биде распоредена во Барселона, бидејќи масовниот протест за независност повторно се претвори во насилство, објави шпанската влада.

Засилувањата на полицијата ќе бидат испратени во предградието на градот, по петдневните протести против апсењето на про-сепаратистичките лидери, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Половина милион луѓе се приклучија на демонстрациите со што градот е целосно блокиран.

На почетокот демонстрациите беа претежно мирни, но подоцна мал број маскирани активисти фрлаа камења, шишиња, јајца и боја врз полицијата и запалија контејнери.

Полицијата употреби гумени куршуми за да растера неколку стотици млади демонстранти кои го опколија седиштето на Националната полиција, каде што беа повредени и полицајци.

Повеќе од 200 луѓе се повредени, а скоро 100 уапсени од почетокот на протестите во понеделникот, соопштија властите.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски