(ВИДЕО) Напаѓачот од Анеси при апсењето имаше крст и христијански молитвеник

Од:

Шведскиот дневен весник Афтонбладет пишува дека 31-годишниот Сириец кој утрово со нож тешко повреди четири деца и двајца возрасни во францускиот град Анеси, живеел во Шведска од 2013 година.

Тој имал дозвола за постојан престој во Шведска врз основа на право на азил. Во меѓувреме неколку пати аплицирал за шведско државјанство, но секој пат е одбиен. Последното барање го упатил минатото лето, но тој случај се уште не е решен.

Афтонбладет пишува дека Сириецот „живеел уреден живот“, а единствениот контакт со правосудниот систем бил пред неколку години кога бил казнет поради злоупотреба на социјалните бенефиции и стипендии.

Тој сè уште бил регистриран во мало гратче во западна Шведска, каде што живеел заедно со неговата 26-годишна сопруга и едно дете. Неговата сопруга тврди дека четири месеци не слушнала ништо за него.

Повикувајќи се на француски извори, Афтонбладет пишува дека напаѓачот од Анеси при апсењето имал крст и христијански молитвеник, а во барањето за постојан престој во Франција тој наводно се декларирал како „христијанин од Сирија“.

За време на денешниот напад на деца во паркот, Сириецот го извикувал името на Исус Христос.

За потсетување, четири мали деца и двајца возрасни се повредени во напад со нож во парк во Анеси, град на француските Алпи.

Избодените деца се на возраст од 22 месеци до три години, соопшти полицијата. На социјалните мрежи се појави страшна снимка од нападот, на која се гледа како вознемирен напаѓач со нож во рака бара и прободува деца на детско игралиште, а се гледа и како прободува дете во количка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Крвожедни видри нападнаа жена среде парк

Предраг Петровиќ