ВИДЕО: Нападната руска база во Сирија, одбиен напад со дронови

Од:

Во неделата вечерта повторно е одбиен напад со беспилотни летала на руската баѕа Хмемим во Сирија, иѕведена од непоѕнати милитанти.
Рускиот противоздушен систем успеал да го одбие нападот на сигурна далечина.

-Три воздушни мети со мала големина се приближуваа кон рускиот воен објект на североисток, вечерта на 19 јануари 2020 година. Откриени беа од руските противвоздушни ракетни системи во базата Хмемим.

Воздушните цели се уништени на сигурна оддалеченост, нема жртви ниту материјална штета, соопштија од руското министерство за одбрана.
Според извештаите, руската војска во текот на 2019 година уништила најмалку 58 беспилотни летала и 27 ракети упатени кон воздушната база.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

(ВИДЕО) Беспилотно летало „камиказа“ разнесе воен хеликоптер во Придњестровје

(ВИДЕО) Дрон погоди рафинерија во Русија, две лица се тешко повредени