ВИДЕО: Напади на станбени објекти во Киев, Кличко ги повика жителите да останат во засолништата

Од:

Од утрово во Киев одекнуваат експлозии.

Според украинските медиуми, погодена е станбена зграда, а едно лице е повредено.

Пожарот избувнал на првите пет ката од 10-катница. Нема загинати, но едно лице е повредено и итно пренесено во болница, соопштија украинските служби.

„Непријателот продолжува да го напаѓа Киев. Рано утрото гранати погодија неколку станбени згради – 2 високи згради во областа Свјатошински, 1 во Подилски. И една приватна куќа

Жртви има и во станбени згради. Останете во засолништата“, објави Виталиј Кличко.