ВИДЕО: Најжесток напад на Израел, Газа брои нови 42 жртви

Од:

Израелската војска соопшти дека утрово нападнала важни цели во Појасот Газа, додека палестинските милитанти продолжуваат да истрелуваат ракети кон Израел.

И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, конфликтот што избувна пред скоро една недела не покажува знаци на попуштање.

Израелската армија соопшти дека во текот на ноќта гранатирала домови на девет високи команданти од исламистичкото движење Хамас. Според израелската војска, некои биле користени како складишта за оружје.

Повеќе од 1.500 цели се нападнати во Појасот Газа, изјави вчера израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој истакна дека операцијата ќе продолжи со „целосна сила“.

Палестинската страна соопшти дека воздушните напади биле досега најтешки во густо населената Газа и дека има нови 42 жртви.

Според израелската војска, од минатиот понеделник кон Израел биле истрелани најмалку 3.100 ракети. Двете страни соопштија дека ракетните напади биле досега најтешки.

Најмалку 192 лица се убиени во Газа, соопшти Министерството за здравство на крајбрежната територија.

Во Израел, од ракетен оган, од минатиот понеделник загинаа 10 лица, соопштија спасувачките служби.

Во меѓувреме, дел од медиумите како Ал Џезира и АП, но и дел од станарите во „Газа сити“ почнаа да се враќаат во објектот кој го гаѓаа израелците објаснувајќи дека наводно во него имало воени средства во сопственост на Хамас.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина