ВИДЕO: Најмалку пет жртви во земјотресот со јачина од 6,1 степени во Иран

Од:

Најмалку пет лица загинаа рано утринава во земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер во јужен Иран, јави државната телевизија.

„Петмина луѓе загинаа, а до сега 12 се хоспитализирани“, изјавил началникот за вонредни ситуации во провинцијата Хормозган, пренесува „Ројтерс“.

Иранските медиуми објавија дека јачината на земјотресот е 6,1 степени, додека Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека бил со јачина од 6,0 степени.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, додава ЕМСЦ.

Иран претрпе неколку разорни земјотреси во последниве години.

Би можело да ве интересира

Извештај на ОН: Иран е одговорен за насилството што доведе до смрт на Махса Амини

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Иран

Горан Наумовски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Иран ги осуди последните напади на САД и Велика Британија врз Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Раиси: Иран ќе продолжи мирно да ја развива својата нуклеарна програма

Горан Наумовски