ВИДЕО: Најмалку еден убиен и 13 ранети во пукање во Тенеси

Од:

Вооружен напаѓач отвори оган во супермаркет во близина на Мемфис, Тенеси, при што загина најмалку едно лице, а 13 се повредени пред самиот да се застрела, соопшти локалната полиција.

Инцидентот се случил во самопослуга во Колирвил, град источно од Мемфис. Напаѓачот починал од „самонанесена прострелна рана“, изјави за новинарите началникот на полицијата во Колирвил, Дејл Лејн. Лејн рече дека некои од повредените „имаат многу сериозни повреди“ и предупреди дека бројот на жртвите од трагедијата може да се зголеми.

Полицајци и екипи на С.В.А.Т. ја обезбеди областа и им помагаа на вработените и купувачите да ја евакуираат зградата, рече Лејн. Тој опиша „застрашувачка“ сцена во продавницата, каде полициските службеници нашле „луѓе скриени во замрзнувачи и во заклучени канцеларии“.

Лејн не откри дали напаѓачот бил вработен во продавницата, но додаде дека пукањето го истражуваат ФБИ и други федерални служби.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски