ВИДЕО: Најмалку 60 луѓе загинаа при уривање на висечки мост во Индија

Од:

Најмалку 60 луѓе загинаа, а голем број се повредени кога се урна мост во река во западната индиска држава Гуџарат.

Властите соопштија дека стотици луѓе паднале во реката.

Мост од 19 век се урна во реката Мачу во округот Морби. Мостот беше затворен поради реновирање речиси шест месеци, а повторно беше отворен пред само четири дена.

Засега нема информации колку луѓе имало на мостот што е позната туристичка атракција. Потврдено е дека загинале 60 лица, а 17 се хоспитализирани.

Спасувачите се уште се на терен во потрага по преживеани.

Повеќето од луѓето на мостот биле тинејџери, жени и постари луѓе.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка