(ВИДЕО) Најмалку 50 загинати во земјотреси во Кина

Од:

Најмалку 50 лица загинаа, 150 се повредени, а урнати се 20.000 куќи, од серијата земјотреси кои го погодија југозападниот дел на Кина.

Жителите ги напуштаат домовите, а надлежните веднаш испратија шатори и кебиња.„ Се шетав по улица, кога наеднаш почувствував дека земјата се тресе. Луѓето почнаа панично да бегаат, да вриштат и да плачат“, изјави очевидец преку социјалната мрежа „Sina Veibo”, пренесува АФП.

Југозападна Кина е трусно подрачје. Во мај 2008, земјотрес со интензитет од 8 степени, ја погоди провинцијата Сихуан, предизвикувајќи огромни човешки и материјални штети.

Би можело да ве интересира

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос