ВИДЕО: Над 200 демонстранти уапсени во Вашингтон, повредени 6 полицајци

Од:

Шефот на полицијата на округот Колумбија во Вашингтон изјави синоќа дека се уапсени 217 лица кои се товарат за предизвикување немири и нанесување полесни повреди врз шест полицајци за време на вчерашните протести против претседателот Доналд Трамп.

Полицијата била принудена да употреби солзавец во судирите со демонстрантите.

– Властите во Вашингтон нема да толерират насилство од страна на учесници во собирите против Доналд Трамп, изјави градоначалникот на главниот град Муриел Баузер.

Маскирани демонстранти во црна облека кршеа прозорци на ресторани, банки и автомобили и фрлаа канти за смет во центарот на Вашингтон, по што се судрија со полицијата. Тоа се случи непосредно пред почетокот на претседателската инаугурација на Доналд Трамп.

Ширум Европа и Азија, исто така, се одржуваат протести против Доналд Трамп. Противниците на Трамп најмногу се гневни на неговите коментари за време на предизборната кампања во врска со жените, илегалната миграција и муслиманите, како и најавата дека ќе изгради ѕид на границата со Мексико.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени