ВИДЕО: Над 170 повредени во жестокиот судир на израелската полиција и Палестинците во Ерусалим

Од:

Повеќе од 170 Палестинци и шест израелски полицајци беа повредени, повеќето во областа на џамијата Ал Акса во источен Ерусалим, каде што верници се собраа на последната голема петочна молитва пред крајот на Рамазан.

Избувнаа судири меѓу палестински млади лица кои, според портпаролот на израелската полиција, Васем Бадр, фрлале камења, шишиња и други предмети, и полицајците кои реагирале со гумени куршуми и шок бомби.

Судири имаше и во соседната населба Шеик Џарах, каде што секојдневните вечерни протести против можното иселување на палестински семејства во корист на еврејските доселеници преминаа во насилство во последните денови.

Црвениот крст соопшти дека вчера најмалку четири Палестинци биле повредени таму.

САД повикаа на „деескалација на тензиите“ и избегнување на иселување на палестинските семејства, а координаторот на ОН за Блискиот исток Тур Венеслан изрази „длабока загриженост“ за ситуацијата и повика на „одговорност и смиреност“.

– Израел е одговорен за опасните случувања во Стариот град, изјави претседателот на палестинските власти Махмуд Абас и повика за состанок на Советот за безбедност на ОН. Исламистичкото движење Хамас, кое има власт во појасот Газа, ги повика Палестинците да останат во областа на џамијата до четврток наутро, кога за муслиманите завршува светиот месец Рамазан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран