ВИДЕО: На свадба му го дадоа микрофонот на Трамп, тој одржа политички говор

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп викендов одржа говор на една свадба на која бил поканет како гостин, при што се пожали на загубата на изборите, го критикуваше актуелниот претседател Џо Бајден, односите со Кина, Иран и кризата на јужната граница, а на крајот на говорот им посака среќа на младенците.

Тој зазеде централно место на венчавката и зборуваше две и пол минути опфаќајќи голем број теми, вклучувајќи ги, како што рече, недостатоците на Бајден, надворешната политика, односите со Кина и Иран и ситуацијата на границата со Мексико.

Слично како на митинзите, тој ги праша собраните: „Дали ви недостигам“, а потоа наздрави за младенците.

„Добивам разни извештаи. Тие ми кажуваат за границата, за Кина, за Иран. Ние сме подготвени да склучиме договор, тие се подготвени на сè. И тогаш овој тип (Бајден) оди и ги укинува санкциите и вели дека би сакал да преговара“, рече Трамп.

Тој рече дека истото се случува и со Кина.

„Никогаш не се однесуваат така кон нас. Она што се случи пред неколку дена беше ужасно”, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски

Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас