ВИДЕО: На Британец му извадиле бубрези тешки 35 килограми, хирурзите велат дека е рекорд

Од:

54-годишниот Ворен Хигс од Велика Британија боледува од полицистични бубрези. Станува збор за наследно заболување кое предизвикува појава на цисти во бубрезите што може да доведе до затајување на нивната работа. За оваа болест нема лек.

Хигс бил опериран пред неколку месеци, а хирурзите наведуваат дека неговите бубрези биле со рекордна големина.

Му биле извадени двата бубрега кои вкупно тежеле 35 килограми.

Се верува дека стариот рекорд бил 7,4 килограми и тој бубрег е изваден кај пациент во Индија.

По три месеци од операцијата, Хигс се вратил на релативно нормалното живеење и вели дека се чувствува многу подобро.

„Можам да дишам, можам да јадам“ – вели Хигс кој и натаму се бори со проблемите со рамнотежа.

Сепак, редовно оди во теретана и планира да истрча 10 километри.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници